ФИНСС ДООЕЛ

ДИУ ФИНСС ДООЕЛ Скопје е етаблирана и искусна компанија во рамките на македонската бизнис заедница, основана во 2008 година, со цел на македонскиот пазар да понуди комплетен  финансиски и ИТ консалтинг за бизниси од сите големини и дејности.

Работното портфолио на нашата компанија опфаќа иновативно и професионално сметководствено-софтверско водење и поддршка на нашите клиенти, даночен консалтинг, регистрација на фирми, водење на човечки ресурси и изработка на плати, даночна ревизија, изработка на бизнис планови и финансиски анализи, како и дизајн и имплементација на сопствени софтверски решенија костумизирани според потребите на секој наш клиент.

Тимот на ДИУ ФИНСС ДООЕЛ Скопје е составен од високо-квалификуван кадар со големо работно искуство во сферата на сметководственото работење и финансискиот консалтинг, како и во дизајн, изработка и имплементација на интегрирани ИТ решенија и ИТ консалтинг.

Нашите клиенти се бизниси од сите големини од најразлични дејности и бизнис сектори. Тоа опфаќа од мали компании на кои им е потребна само повремена финансиска контрола, до големи компании кои сакаат да го оптимизираат своето работење и да ги уживаат сите придобивки кои може да ги донесе надворешното(outsourced) сметководство и ИТ поддршка.

0 оглас(и) во ФИНСС ДООЕЛ