Идеализирајќи го врвниот квалитет при изработката и остварувајќи ја визијата за отпочнување на Прва приватна леарница за високо квалитетен челик во Република Македонија, г-дин Павле Спасов, во 1973 година во Штип, ги поставува темелите на семејната гордост, која растејќи низ децениите, стабилно и напредно ја живее сегашноста независно од конкуренцијата, планирајќи и неуморно работејќи на усовршувањето во иднина, следствено со најсовремените потреби и понуди во својот домен. По своето 15 годишно раководење, основачот Павле Спасов го назначува својот син, г-дин Стојанчо Спасов, за сопственик на фирмата која доживува преименување во ,,Металостругар Идеал”, но и забрзан развој и високо забележан успех во работата, што во 2000 година резултираше со назначување на името на леарницата по кое и денес постои и е претпознатлива – Ливница Идеал ДООЕЛ. Од 2007 година до денес, успешен предводник на овој редок фамилијарен бизнис е сопругата на г-дин Стојанчо Спасов, г-ѓа Ленче Спасова, која достојно ја реализира визијата за семејниот ,,Идеал”.