Компанијата ,,Интер-Хем“ Дооел Скопје, е основанаа во 1990 година во приватна сопственост. Основна дејност на претпријатието е производство и трговија на големо во хемиската индустрија. Во своето досегашно работење постигнува значителни резултати и станува една од водечките компании во својата област, што се должи на добрата техничко-технолошка поставеност во работењето како од кадровски, така и од просторен аспект. Имено, претпријатието има 14 вработени, меѓу кои стручни лица, како технолози, фармацевти и хемиски инженери, а поседува и соодветен сопствен магацински простор од околу 6.000 m2 и опрема. Компанијата ги поседува сите потребни лиценци од својата област согласно законските реулативи.