Веган 365 Кујна

Веган 365 Кујна е мал семеен бизнис во сопственост на долгогодишни активисти за заштита на животни и животна средина кој во декември 2017 г. се отвори во центарот на Скопје.На постојано мени има фалафел, вегебургер и соја бургери, чизбургери, комбинирани сендвичи, француски, помфрит со кечап и мајонез од наут, тостови со веганска шунка и фета, високоенергетски безглутенски протеин порции, како и десерти (мафини, бомбици, чизкејк, тирамису и сезонски десерти), вегански кафиња и свежо цедени сокови и смудија. Веган365Кујна е едно од ретките места во Скопје каде што можете да најдете свежо цеден сок од калинка и можеби единственото место во Македонија со свежо цедена „фанта“ :)

Производите кои се нудат се направени од свежи, здрави и главно локални состојки, дел од нив се органски и безглутенски.Нашите рецепти се развивани со години со цел да се доближиме најмногу што може до традиционалните вкусови на кои повеќето од нас се навикнати. Најпродаван производ ни е вегебургер кој според критиките од клиентите е: „најдобриот сендвич што го пробале во животот“.Уверени сме дека секој има моќ да менува, па затоа и мотото на нашето ресторанче е „Промени ја исхраната, промени го светот!“

0 оглас(и) во Веган 365 Кујна