ДЕЛОВНО-ТЕХНОЛОШКИОТ АКЦЕЛЕРАТОР УКИМ ДОО Скопје, е основан со цел да ги открие и поддржи талентираните претприемачи и стартапи, да им помогне да ги унапредат компаниите и да гради просперитетен екосистем за иновации и претприемништво во Македонија.
Ние сме тим на ентузијасти за стартапи, специјализирани во развој на: производи, технологија и на бизнис.
Во соработка со најголемата академска средина и водечките организации за поддршка на бизнисот во земјата, ние им нудиме на стартапите неспоредливи локални знаења како да им помогнеме да ги развиваат своите бизниси и ефикасно да конкурираат на домашниот и на извозниот пазар.
Акцелераторот УКИМ на своите корисници им обезбедува техничко и бизнис знаење, пристап до финансии и најважното поддршка во пристап до пазарот.
Акцелераторот УКИМ располага со инвестициски фонд од 530,000 евра и може да инвестира најмногу до €133,000 по компанија (инвестиции во сопственички капитал и / или задолжување).