Радио Канал 77 започна со работа на 4-ти октомври 1991 година и е прво приватно национално радио во Република Македонија. Од 5-ти јануари 2015 година Радио Канал 77 има обновена девет годишна Лиценца-Дозвола за радио емитување. Радио Канал 77 е со седиште во Штип на адреса: 5-та Партиска конференција бб, во сопствен објект Мултимедијален центар Канал 77 и студио лоцирано во Скопје на адреса: Франклин Рузвелт бр.4 локал 6.