Go Net

GoNet е национален телекомуникациски оператор лиценциран од АЕК за обезбедување на јавни електронски комуникациски услуги од 01.04.2016.

Формирана е во 2015 година со македонски капитал од страна на компанијата Марсис Дата Инженеринг која што се занимава со проектирање и изведба на фибер оптички мрежи.

Стручниот тим на GoNet и Марсис Дата Инженеринг ја имаат изградено една од најнапредните оптички мрежи со „прстен“ (ring) топологија во Скопје со поставени повеќе од 200 километри подземни кабли. GoNet како нов телекомуникациски оператор, без товарот од застарената технологија ја имплементира најмодерната комуникациска опрема, се со цел на своите клиенти да им обезбеди стабилност, приватност и загарантирана достапност до 99,99%.

GoNet е специјализирана за обезбедување на комуникациски услуги на бизнис секторот и нуди напредни и сигурни телекомуникациски услуги и професионални ИТ решенија за широкопојасен интернет пристап, VPN мрежи, изнајмени оптички линии, хостирање и колокација на опрема, со акцент на висок квалитет, флексибилност, неограничен капацитет и одлична цена.

0 оглас(и) во Go Net