Бачовски Синколи Адвокати е новоосновано адвокатско друштво кое се фокусира на обезбедување на правна помош од областа на деловното и имотното право.
Адвокатите во Бачовски Синколи Адвокати се млади и амбициозни индивидуи, кои се стремат кон постигнување на врвни резултати.
Професионалното искуство вклучува правна помош во трансакции за преземање на трговски друштва, кредитирање и финансирање на проекти, недвижности, пазари на капитал (берзи, инвестициски фондови), корпоративни прашања за внатрешната организација на фирмите, регулаторни прашања од областа на енергетика, електронски комуникации, банкарство, заштита на лични податоци, заштита на интелектуална сопственост, но и секојдневни потреби на деловните клиенти како што се наплата на долгови, работни односи, промени во трговскиот регистар и сл.