Pikcell Group

PiKCELL Group е основана во 2018 година во Скопје, Република Северна Македонија и е високо-технолошка компанија која се фокусира на развивање и производство на монокристални и поликристални фотоволтаични соларни модули и фотоволтаични термални модули. Прва компанија од овој тип отворена во Македонија и во регионот која се простира на површина од 4000м² со годишен капацитет на производство од 250MW (мегавати) на фотоволтаици. Компанијата има 30тина вработени и постојано се шири. Има свои филијали во Србија и Романија, а освен во овие земји, е позната и на пазарите во Косово, Албанија, Србија, Полска, Романија и Хрватска, а во моментов е во преговори за проширување на својот асортиман и во Швајцарија, Холандија, Турција и Данска. Покрај примарната дејност, производство на соларни панели, проектирање и инсталација на фотоволтаични централи на земја и на кров, компанијата започна и со продажба на електрични возила.

 

0 оглас(и) во Pikcell Group