CodeWell е IT компанија која работи во полето на вештачката интелигенција, со фокус на дигитални асистенти, и обезбедува високотехнолошки и иновативни продукти за клиенти ширум светот, подобрувајќи ги нивните начини на работа и зголемуваќи ја вредноста што ја создаваат за современиот свет.
Главниот продукт на компанијата е CodeWell AI - напредна технолошка платформа која овозможува креирање на паметни дигитални асистенти. Асистентите направени со CodeWell AI можат да го зборуваат и разбираат било кој јазик со многу висока прецизност и можат да бидат истренирани како експерти во било кое поле. Овие дигитални асистенти можат да зборуваат повеќе јазици истовремено, како и повеќе дијалекти по даден јазик. CodeWell AI дигиталните асистенти овозможуваат рационализaција на процесите и автоматизација на комуникацијата со голем број на корисници.