ЗГ ЉубезностЗд

Здружението на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и пединци Љубезност од Скопје  е непрофитна и невладина организација која дејствува во областа на социјалната заштита. Почнавме како неформална група во 2013 година, продолживме во состав на здружение кое се бавеше со повеќе дејности, а на 9 јануари 2015 година формиравме самостојно здружение под името Љубезност, исклучиво за помош на луѓе од социјално ранливите категории. Работиме на национално ниво, и посетуваме семејства во повеќе градови и села на целата територија на државата, со фокус на нашата работа во Скопје. Здружението започна со работа претежно на волонтерска основа, но денес имаме вработени во редовен работен однос, повремено хонорарно ангажирани и волонтери. Во текот на својот организациски развој ЗГ Љубезност поминува низ динамичен развој и за само неколку години станува значаен чинител во областа на социјалната заштита, а постепено акцентот на работење се префрла од делење хуманитарна помош кон справување со бездомништвото, вработување и давање други социјални услуги.

Нашата визија е да живееме во општество без сиромаштија каде што постои прифатеност, инклузија и еднакви можности за бездомните и социјално загрозените граѓани.

Во нашата визија за пример ги земаме општествата од социјалните држави на Западна Европа, каде постои систем на социјална заштита во кој речиси нема бездомништво и сиромаштија во смисла во која постојат овде во Северна Македонија. Ние со нашата работа ќе настојуваме оваа ситуација да ја доведеме и на овие простори, како преку акции на терен насочени кон бездомните и социјално загрозените лица, така и преку нивно застапување и лобирање кон властите и другите креатори на политики за ваков систем на социјална заштита да биде воведен и во нашата земја. Ова е конзистентно и со очекуваниот процес на пристапување на Северна Македонија кон Европската Унија.

Мисијата на Љубезност е континуирано образование, помош и поддршка на бездомните и социјално загрозените лица во процесот на нивна ресоцијализација и реинтеграција.

0 оглас(и) во ЗГ ЉубезностЗд