Inter Steal ДООЕЛ е транспортна и шпедитерска компанија со повеќе од 28 години успешно работење на европскиот пазар. Компанијата е специјализирана за меѓународен товарен транспорт, термо-регулиран транспорт (pharma-grade стандарди), шпедиција и царинско посредување.
Нашата флота располага со современи приколки со капацитет до 66 палети, опремени со GPS следење и системи за контрола на температура, со што обезбедуваме сигурен, навремен и безбеден транспорт низ Европа.
Покрај транспортот, активно работиме на развој и унапредување на шпедитерските услуги и царинските процеси, со фокус на ефикасност, професионалност и долгорочна соработка со клиенти и партнери.
Во Inter Steal веруваме во:
Високи професионални стандарди
Одговорност и точност
Тимска работа
Континуиран развој и модернизација на процесите
Како стабилна и растечка компанија, нудиме динамична работна средина, можност за професионален развој и долгорочна соработка.
Доколку сакате да бидете дел од сериозна и организирана логистичка компанија со долгогодишно искуство – Inter Steal ДООЕЛ е вистинскиот избор.