Аптека Филиз има традиција од повеќе од 25 години, основана е во 1991 година. Основач и идеен трворец на аптеката е Мирослава Спахи. Од 2006 до 2014 година сме дел од стопанско интересна заедница Здружени Аптеки на Македонија (ЗАМ).Додека од 2014 сме дел од концептот Betty,напредна програма во развој на аптекарска практика целосно ориентирана кон пациентот и неговите потреби. Од 2007 имаме склучено договор со Фондот за Здравствено Осигурување на Македонија и издаваме лекови на товар на истиот.
Филозофијата на пет вредности ја чинат суштината на нашата фармацевтска услуга. Како што со нашите навики управуваат нашите пет сетила, петте вредности на брендот Филиз раководат со нашата услуга.
КОМПЕТЕНТНОСТ
Од нашите вработени ќе добиете совет за фармацевтските производи и нивното влијание на сите аспекти на здравјето.Се трудиме на своите пациенти да им ја приближиме Аптека Филиз и вработените како семејство кое се грижи за нив.Доследност и поузданост се нашиот императив, а производите кои ги нудиме се строго контролирани и се со врвен квалитет
ЉУБЕЗНОСТ
Љубезноста и пријателскиот однос се карактеристиките кои го красат нашиот тим, а двосмерната комуникација се основа на фармацевтската услуга. При тоа се трудиме,чувството дека нашите клиенти се наоѓаат во сигурни раце и пријателско окружување никогаш да не избледи.
СВЕЖИНА
Се трудиме.пациентот веќе од првиот чекот во нашата аптека почувствува жива енергија и виталност.Проактивен и позитивен пристап се неизоставен дел од нашите совети.Веруваме дека единствено така можеме да допринесеме за добро расположение на нашите клиенти и на нивната вера во неопходноста од превентива и негување на здрави животни навики.
ИНОВАТИВНОСТ
Веруваме во иновативниот пристап на потребите на клиентите во примена на нови медицински совети и превенција. Свесни сме дека општеството се повеќе додава внимание на негување на здрави животни навики и даваме допринос преку едукација на пациентите и одговори и на нивните непоставени прашања. Иднината им припаѓа на иновативните компании а Аптека Филиз се труди да биде лидер во тоа. Тоа се трудиме да го покажеме во секој сегмент на нашата услуга и секој милиметар на простор.