McCANN Skopje

Меккен Скопје

Агенцијата Меккен Скопје е формирана во 1997г. и е една од основачите на македонската рекламна индустрија. Агенцијата е дел од I&F McCann Grupa. Бескрајната креативност комбинирана со несекојдневна реализација преку различни комуникациски канали е експертиза на Меккен Скопје за која ги има добиено сите релевантни интернационални награди во рекламната индустрија, меѓу кои и најпрестижната: Златниот Лав на Канскиот рекламен фестивал.

 

I&F McCann Grupa

I&F McCann Grupa е основана во 1997 година од Срѓан Шапер, и е една од водечките маркетинг комуникациски мрежи во Југоисточна Европа. Поврзува повеќе од 600 талентирани професионалци кои работат во 12 земји – Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Бугарија, Норвешка, Шведска, Финска и Данска. Сите агенции се дел од најголемата комуникациска мрежа во светот - McCann Worldgroup и нудат единствена комбинација на стратегија, креативност и иновација за локални и меѓународни клиенти, испорачувајќи маркетинг решенија кои трансформираат брендови.   I&F McCann Grupa е маркетинг комуникациски партнер на водечките домашни, регионални и меѓународни брендови. Обезбедува целосен спектар на маркетинг услуги почнувајќи од маркетинг и комуникациска стратегија, креативна стратегија и решенија, бренд дизајн, издаваштво, медиуми, односи со јавност, дигитални комуникации, дизајн, промоции и настани итн. Агенциите кои работат во рамките на I&F McCann Grupa, се добитници на преку 170 меѓународни и локални награди како признанија за нивната работа и супериорен перформанс во полето на комуникациите на Балканот. Помеѓу наградите се вбројуваат и најпрестижните во комуникациската индустрија, наградите Златен Лав (2009) и Бронзен Лав (2011).

0 оглас(и) во McCANN Skopje