ТАЛИЈА ДООЕЛ Скопје

На македонскиот пазар на завеси Талија се појави пред 35 години и веднаш беше препознаена од потрошувачите како место на кое ќе најдат не само многубројни видови завеси и драперии, туку и решенија за различни видови прозорци, украси и аксесоари правејќи од просторот дом за уживање. 

Талија во моментов е една од најголемите фирми за завеси, со сопствен производствен погон на ул. „Христо Татарчев 1“ бр.107 и два салони во ГТЦ прв кат, и на бул. „Теодосиј Гологанов“ бр.46, (кај Католичка црква).

Во текот на сите години работење, Талија прерасна во фирма која гарантира квалитет, навремена услуга, одлични решенија, совети и монтажа. Нашето  долгогодишно присуство на пазарот, внимателно одбраните завеси, постојаното следење на актуелностите во внатрешното уредување, дезените и ткаенините што се користат, ја прави Талија прв избор на многубројни задоволни потрошувачи.

0 оглас(и) во ТАЛИЈА ДООЕЛ Скопје