МЕДИКУС

МЕДИКУС е компанија која е основана 1991 година. Нејзин основач е Др. Миодраг Стојановски, а денеска компанијата ја води дипл.ел.инг. Оливера Стојановска. Од самите почетоци па се до денешен ден работиме во обаласта на фармацијата. Стекнавме големо искуство и реноме во оваа област.   Нашата основна дејност е увоз и дистрибуција на диететски додатоци од палетата на ЕСИ спа Италија - компанија која е лидер во Италија и пошироко.

2 оглас(и) во МЕДИКУС

МЕДИКУС Определено
ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ  - Стручен соработник Ве покануваме да работите за најголемиот светски бренд,  ЕСИ  – додатоци во исхраната. ЕСИ е златен стандард за хербални производи кај нас и во светот. Во Македонија е присутен од 2003 година и е етаблиран како  БРЕНД БРОЈ 1  за додатоци во исхраната. Наши најпродавани производи се ДРИМО, ГИНКГОМАКС, НО ДОЛ, ПРОПОЛГОЛА спреј како дел од една широка, богата и исклучително квалитетна палета на производи. МЕДИКУС  дооел Скопје е ексклузивен увозник на италијанската компанија  ЕСИ  с.р.л. од Италија. Вработуваме три (3) Стручни соработници (м/ж) – дипломирани фармацевти, со или без искуство. Кандидатите треба да ги имаат следните квалификации: Универзитетска диплома VII степен (фармација, стоматологија, медицина) Валидна возачка дозвола (Б-категорија) и возачко искуство Познавање на MS office пакетот и интернет пребарувачите Комуникациски и презентациски вештини Познавање и непречена комуникација (писмена/усна) на: Англиски Целта е промовирање на производите на ЕСИ срл од Италија, производител на додатоци во исхраната – хербални производи, корисни за добросотојба на здравјето. Одговорности: Спроведување на предвидените маркетинг активности со посета на лекари и фармацевти со цел промоција, презентација и продажба на производите од ЕСИ Градење на добри релации со клиентите и презентирање на компанијата ЕСИ и нејзините производи Поднесување на писмени извештаи за извршените посети Остварување на предвидениот план за продажба Се работи на територија на цела Македонија. Локацијата на седиштето е во Ѓорче Петров. Компанијата ќе ви овозможи : Привлечна почетна плата и брзо напредување Обука под надзор на ментор Редовна исплата на К-15 Службено возило за потребите на работата Спонзорство за полагање на државен испит (по желба на кандидатот, не е обврска) Патување во Италија за најуспешните вработени Бонуси за успешно работење За аплицирање на конкурсот потребно е да испратите: Резиме (кратка биографија) со фотографија, Мотивациско писмо, Уверение за завршено соодветно образование, како и Копија од возачка дозвола На  [email protected]  најдоцна до 26.03.2025 година. Ќе бидат контактирани само кандидати кои ги исполнуваат условите.
Скопје 27/03/2025
Спонзориран оглас
МЕДИКУС Определено
Заради зголемен обем на работа и проширување на тимот,  МЕДИКУС  објавува  ОГЛАС  за работа на позиција   МАГАЦИОНЕР / ВОЗАЧ  Потребни квалификации: ССС, предност имаат кандидати со отсек  фармацевтски техничар Познавање на лекови и фармацевтски производи Возачка дозвола Б – категорија и возачко искуство Одговорности и задачи: Задолжен за прием, складиштење и издавање на роба Подредување, грижа и одговорност за производите во магацинот Грижа за роковите на производите, редовни пописи Одржување на хигиена во магационот Изработка на потребна документација, подредување на документацијата Испорака на пратки на територијата на град Скопје Посакувани карактеристики: Организираност, одговорност, педантност Самоиницијативност Способност за тимска работа Диманичност и креативност Комуникативност и професионален однос со коминтентите Деловниот простор се наоѓа во  ЃОРЧЕ ПЕТРОВ . Работниот однос за позицијата ce заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот. Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од: 07:30 до 15:30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок. Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови, пратета ја својата апликација  на e-mail:  medikus @ medikus . com . mk . Потребни документи: Кратка биографија Копија од диплома за завршено образование Копија од возачка дозвола. Рок на пријавување 26.03.2025g. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор. 
Скопје 27/03/2025
Спонзориран оглас