Имако Вино
Определено
ИМАКО ВИНО, Штип е винарска визба која се наоѓа во Повардарскиот вински регион, Овчеполското виногорје. Со долгогодишно искуство во производство на извонредни вина и други алкохолни пијалоци, оставаме трага како на домашниот така и на меѓународниот пазар. Поради континуиран развој сакаме да ни се придружат посветени и ентузијастични колеги кои ќе станат дел од нашиот тим. Придружи ни се како Овластен сметководител во сектор Финансии и сметководство!
Локација Штип Овластениот Сметководител е одговорен за вршење на финаниско-сметководствени активности. Одговорностите на оваа улога го вклучуваат, но се се ограничуваат на следново:
ОДГОВОРНОСТИ: • Следење и проверка дека сите сметководствени записи се евидентираат точно, во согласност со применетите сметководствени стандарди. • Усогласување на финансиското со материјалното сметководство и контрола за правилно спроведување на сметководствeното работење • Подготвка и контрола на даночната евиденција, Е-ПДД и сметководствено евидентирање на пресметките • Подготовка и доставување на документација и извештаи до УЈП, ЦРМ, НБРМ и други институции, согласно законските прописи и барања • Составување и разгледување на годишните буџети и кварталните предвидувања. • Подготовка и анализа на месечните и периодичните извештаи и извештаите за финансиско управување на крајот од годината (CF, P&L итн.), • Подготовка и учество при интерна и екстерна ревизија • Организирање и спроведување на контролни периодични и годишни пописи согласно законите и прописите • Учествува во изготвување на завршните сметки заедно со надворешната сметководствена компанија • Придонесува во развојот и имплементацијата на сметководстените политики и процедури на компанијата во согласност со сметководствените стандарди и принципи како и со сите релевантни законски и регулативни прописи, • Други одговорности кои се однесуваат на квалификациите и вештините на вработениот.
Штип
23/01/2025