2 оглас(и) во Декра, Македонија

Декра, Македонија Определено
Инбох ДООЕЛ Скопје  е компанија со специјализирана дејност за управување со документи и информации во име и за сметка на најголемите брендови во државата. Инбох е иновативна компанија која ги поместува стандардите за ефикасност во административно работење како во физичко така и во сверата на Е-архивирање и дигитализација на документи и работни процеси.  За остварување на своите административни задачи, ИНБОХ има  потреба и нуди вработување на енергичнa и проактивнa личност за следнава работна позиција: АСИСТЕНТ ЗА АРХИВСКА ЛОГИСТИКА  магацинско работење Избраниот кандидат ќе биде задолжен за: Вршење на навремени и безбедни логистички операции во документарните депоа/магацинско работење. Попишување на клиентска документација и поставување на кутии на локација Внесување/изнесување на пристигната/испорачана документацијаи распределување на истата на локација во депо Личен профил на кандидатот: Завршено средно образование Претходно работно искуство во магацин или дистрибуција ќе се смета за предност Посветена, одговорна, динамична и иницијативна личност Способност за тимска работа Возачка дозвола Б категорија Што нудиме: Работно време од 08:00 до 16:00 од понеделник до петок Два дополнителни бонус слободни дена во годината Можност за континуиран кариерен раст и развој Вашата професионална биографија испратете ја на  jobs@inbox.com.mk , најдоцна до  15.07.2024  година, со назнака: “Асистент за архивска логистика”, и станете дел од нашиот тим. Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во Вашата порака да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во базата на Инбох за идни вработувања. Доколку нема никаква напомена, податоците ќе бидат уништени.
Скопје 15/07/2024
Декра, Македонија Определено
Вивакс  е македонска компанија која постои 30 години и брои повеќе од 110 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови. Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија. Искористете ја можноста за кариера во Вивакс и аплицирајте за позицијата: РАКУВАЧ СО МАШИНИ – ОПЕРАТОР Одговорности и задачи: Да ракува со машината на која е распределен согласно Упатствата за работа со машините; Да се грижи за техничка исправност на машината согласно неговата стручност; Потребни квалификации: Минимум ССС – електро/машински техничар се смета за предност; Најмалку 1 година работно искуство; Од кандидатот очекуваме: Способност за работа во тим; Самоиницијативност, исполнителност и чесност; Организираност и одговорност; Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови. Ви нудиме: Минимална месечна плата во висина од 40.000 денари, (во зависност од предходното работно искуство на кандидатот на иста или слична позиција, додатоците на плата по основ на: минат труд, ноќен труд, бонус, оброк и други, согласно законските прописи); Исплата на прекувремени часови; Исплата на регрес за годишен одмор; Напредување во работата; Награди за работна успешност и посветено извршување на работните задачи; Обезбеден оброк; Работа во пријатна и позитивна атмосфера. Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо на e-mail:  vrabotuvanje@vivaks.com.mk  со  задолжителна назнака   “РАКУВАЧ СО МАШИНИ – ОПЕРАТОР“ . Конкурсот е отворен 10 работни дена од неговото објавување ( до 10.07.2024 година). Напомена: Единствено апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. Апликациите без назнака за позицијата на која кандидатот аплицира, НЕМА да бидат разгледани!
Скопје 10/07/2024