ФОЈА Градинарски центар
Определено
Градинарски центар ФОЈА, со локација на Борис Трајковски 152А, ( на патот према нас. Пинтија , во близина на цементарница Усје ) Скопје, заради зголемен обем на работа вработува Презентери / продавачи во градинарскиот центар
Што нудиме:
• Работа во пријатна,пријателска и професионална работна средина • Пријавени на неопределено работно време(8-часа) • Редовна исплата на плата • Можност за награди за успешност и бонуси за вработени кои посебно ќе се покажат и истакнат во завршувањето на поставените работни задачи
Работни обврски:
• Работа со клиенти, потенцијални купувачи и корисници на услуги (презентирање на растенија,градинарски додатоци и услуги кои ги нуди компанијата) • Одгледување и одржување на растенијата и просторот (полевање,плевење,пресадување по потреба,подредување)
Потребни квалификации:
• Степен за образование ССС/ВСС • Основно познавање од областа на хортикултурата,растенијата и нивните карактеристики • Способност за љубезна и срдечна комуникација со клиенти • Подготвеност за работа во тим • Вреден и одговорен однос кон работните обврски • Претходно работно искуство е предност, но не е задолжително • Возачка Б Категорија предност,но не е задолжително
Почетна плата: 28000-30000 денари во зависност од квалификациите и работното искуство
Доколку сте одговорна,позитивна и вредна личност,имате љубов кон растенијата и хортикултурата и се препознавате во наведената работна позиција
Аплицирајте на линкот https://foja.com.mk/apliciraj/
Контактирајте не на: 02 2772 046 / 078 225 897 или испратете ни кратка биографија-CV на [email protected]
Скопје
19/03/2025
Спонзориран оглас