Be-Da Logistic

Be-Da Logistics е основана на почетокот на 2011 година како компанија специјализирана за организирање меѓународен транспорт и логистика на стоки преку копнен, железнички, воздушен и поморски сообраќај. Вработените во Be-Da Logistics се стручно обучени да ги извршуваат своите задачи и добро координирани за целосно задоволување на потребите на нивните клиенти. Лојалноста и дискрецијата се дел од нашите главни карактеристики.  

2 оглас(и) во Be-Da Logistic

Be-Da Logistic Определено
За компанијата: БЕ-ДА Логистик Дооел Скопје е компанија за организирање и посредување на меѓународен транспорт со повеќе од 12 години присуство на пазарот.   Посветени сме на иновации и секогаш доследни на нашата визија и мисија, обезбедувајќи им врвна услуга на нашите клиенти. Негуваме култура на континуирано подобрување и соработка, каде што се вреднуваат придонесите на секој член од тимот.  БЕ-ДА Логистик Дооел Скопје, распишува оглас за работна позиција: АГЕНТ ЗА ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА Потребни квалификации: Познавање на странски јазици (англиски задолжително); Работно искуство во логистика/шпедиција  најмалку 1 година; Познавање на компјутери и програми за канцелариско работење; Личен профил: Одговорност и прецизност; Лојалност, иницијативност, флексибилност и енергичност; Способност за достигнување на кратки рокови и предизвици; Способност за тимска и самостојна работа; Силни комуникациски вештини и способност да одржува пријатен и професионален однос со надворешни соработници; Способност за комуникација со клиенти и менаџирање на нивните барања Опис на работното место: Планирање и организација на транспортот; Координација со превозници, преговарање за цени и резервирање на транспортни тури; Секојдневна комуникација и услуга на клиентите; Координирање со логистичкиот тим и со клиентите (доколку е потребно) за следење со цел навремена испорака; ШТО НУДИМЕ? Пријатна работна атмосфера и услови за работа; Работно време од 08 до 16 часот; Службен превоз; Обуки за мотивација, професионален раст и развој, Тим билдинг настани, Дополнителни Бонуси Вашата пријава со Професионална Биографија доставете ја на е-мејл:  [email protected]  со назнака на апликацијата  “Агент за транспорт и логистика“
Скопје 26/03/2025
Спонзориран оглас
Be-Da Logistic Определено
БЕ-ДА Логистик Дооел Скопје , компанија со 14 годишно искуство во меѓународен транспорт и логистика поради нова соработка со европски партнер го проширува својот тим. Доколку сте амбициозни, посветени и подготвени да бидете дел од успешна и иновативна компанија и сакате да придонесете за растот и развојот на компанијата во меѓународно поле, аплицирајте за позиција: АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА КОГО бараме ? Кандидати со минимум 2 години искуство во продажба на услуги; Одлично познавање на MS Office; Изразени преговарачки и комуникациски вештини; Способност за самостојно работење и тимска соработка; Возачка дозвола Б категорија е задолжителна. ОПИС на работното место: Стратешко планирање и селекција на нови клиенти; Закажување и одржување на состаноци со клиенти; Презентација на услугите и доставување понуди на компании; Развивање на стратегии за продажба и придобивање нови бизнис можности; Изготвување на редовни извештаи за тековните активности и резултати; Остварување и следење на продажните цели ШТО нудиме: Пријатна работна атмосфера и услови за работа; Работно време од 08 до 16 часот; Службен превоз; Обуки за професионален развој; Тим билдинг настани; Дополнителни бонуси; Стручна обука и поддршка; Работа во динамичен и млад тим Доколку сте заинтересирани, испратете ја вашата биографија на  [email protected]  со назнака „Агент за продажба“.
Скопје 26/03/2025
Спонзориран оглас