Be-Da Logistic

Be-Da Logistics е основана на почетокот на 2011 година како компанија специјализирана за организирање меѓународен транспорт и логистика на стоки преку копнен, железнички, воздушен и поморски сообраќај. Вработените во Be-Da Logistics се стручно обучени да ги извршуваат своите задачи и добро координирани за целосно задоволување на потребите на нивните клиенти. Лојалноста и дискрецијата се дел од нашите главни карактеристики.  

1 оглас(и) во Be-Da Logistic

Be-Da Logistic Определено
За компанијата: БЕ-ДА Логистик Дооел Скопје  е компанија за организирање и посредување на меѓународен транспорт со повеќе од 12 години присуство на пазарот.   Посветени сме на иновации и секогаш доследни на нашата визија и мисија, обезбедувајќи им врвна услуга на нашите клиенти. Негуваме култура на континуирано подобрување и соработка, каде што се вреднуваат придонесите на секој член од тимот.  БЕ-ДА Логистик Дооел Скопје, распишува оглас за работна позиција:                                                                                             РЕФЕРЕНТ ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊА   Потребни квалификации: -Работно искуство во финансии или сметководство (искуство од областа на огласената работна позиција ќе се смета за прeдност); -Познавање на компјутери и програми за канцелариско работење; -Одлично познавање на компјутерски алатки MS Office, Windows XP, Internet; -Искуство во Helix софвер-Zonel-ќе се смета за предност; -Познавање на англиски јазик   Личен профил:  - Одговорност и прецизност; - Лојалност, иницијативност, флексибилност и енергичност; - Способност за достигнување на кратки рокови и предизвици; - Силни комуникациски вештини и способност да одржува пријатен и професионален однос со надворешни соработници    Опис на работното место: -Административно, канцелариско и архивско работење; -Водење евиденција на должници и рокови за доспевање на фактури; -Преземање предвидени чекори за наплата (емаил потсетник, телефонска инетервенција); -Преговори за распоредување на плаќања; -Мониторинг на најавени плаќања; -Изготвување на дневни, месечни и неделни извештаи од својата работа   ШТО НУДИМЕ? -Работно време од 08 до 16 часот; -Службен превоз; -Пријатна работна атмосфера и услови за работа; -Обуки за мотивација, професионален раст и развој; -Тим билдинг настани; -Дополнителни Бонуси    Доколку сте отворени за учење, напредување и усовршување на знаењето во областа на административно-финансискиот дел на нашата компанија и сакате да бидете дел од нашиот тим испратете ја вашата професионална биографија на  job@be-da.mk  со назнака на апликацијата  „Референт за  наплата“.
Скопје 25/10/2024