Блажич доо Скопје

1 оглас(и) во Блажич доо Скопје

Блажич доо Скопје Определено
Блажич  е специјализирана компанија со седиште во Љубљана која е водечки дистрибутери на кант траки во Европа и ексклузивен застапник на бројни реномирани брендови на репроматеријали за индустријата за мебел за пазарите на Словенија, Европа и Балканот. На македонскиот пазар целиме кон достигнување на врвната позиција во однос на квалитет и препознатливост. Покрај во Словенија, компанијата Блажич е присутна во балканските држави со трговија на големо и мало. Изложбено-продажниот и магацинскиот простор во Македонија се наоѓа во Индустриската зона Визбегово во Скопје, со понуда на широк асортиман на репроматеријали, конструктивен и функционален оков за индустријата за мебел, како и декоративна галантерија за опремување на ентериери.  БЛАЖИЧ  Скопје – реномиран европски бренд за репроматеријали за мебел ( www.blazic.eu )  за својот тим во Скопје има потреба од   СМЕТКОВОДИТЕЛ   Потребни квалификации:  Високо образование- економски факултет VII/1 степен По можност поседување на лиценца за овластен сметководител Минимум 3 години ефективно работно искуство во струката Активно познавање на сметководствени прописи и правни нормативи Одлично владеење на MS Office апликации, особено напредни вештини во MS Excel – задолжително! Искуство со интегрирани софтверски апликации Познавање на англиски јазик (пишан и говорен) + јазици од регион Возачка дозвола Б - категорија, активен возач   Одговорности и задачи: Спроведување на сите сметководствени финансиски книжења Усогласување на материјална, финансова и оперативна евиденција Администрација на увозно-извозни операции Изготвување извештаи, анализа на должничко-доверителски односи Следење на законски регулативи и сметководствени стандарди Aдминистративно, архивско и канцелариско работење Контрола,следење на комплетна документација Останати задачи за унапредување на системот   Личен профил: Организираност, проактивност, аналитичност Нагласена ефикасност и прецизност  Исполнителност, одговорност и лојалност Исклучителни професионални комуникациски (писмени и усмени) вештини Етичност, моралност  и позитивен став ​Работно време:  понеделник – петок 08-16 часот, сите викенди слободни Доколку сте заинтересирани за работното место, Ве молиме доставете ја вашата биографија и писмо за намери преку полето Аплицирај веднаш, со задолжителна назнака “за оглас за Сметководител“.   Напомена: Без телефонски јавувања!  Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.  
Скопје 19/09/2024