Никоб обезбедување

Друштвото за обезбедување на лица и имот НИКОБ ДОО експорт-импорт Скопје е основана во 1995 година во Скопје и е првата компанија за обезбедување во Македонија која е судски регистрирана.

Лојалноста, стабилноста и професионалноста е одлика на компанијата од почетокот на нејзиното работење.

Тоа е единствениот предуслов НИКОБ 25 години да е број еден агенција за обезбедување на имот и на лица во Македонија. Нашата политика во работењето се заснова на квалитет на услугите кои ги нудиме, користење на напредна технологија и достапност за сите.

Ние секогаш сме посветени на работењето и на секојдневно подобрување на квалитетот во сите сегменти на понудените услуги, со што тежнееме и работиме лидерското место да го задржиме засекогаш.

1 оглас(и) во Никоб обезбедување

Никоб обезбедување Определено
Поради проширување на својот тим НИКОБ ДОО Скопје објавува  оглас за вработување на: МРЕЖЕН/СИСТЕМ ЈУНИОР АДМИНИСТРАТОР во ИТ Основни должности:  Работа со мрежни технологии (IP, Ethernet,VLAN, VPN, итн) на мрежни уреди и серверска инфраструктура Инсталација/одржување на хардвер на сервери и напредна работа на linux/windows серверски оперативни  системи. Флексибилност за индивидуална и тимска работа Подготвен да учи и да работи со најнова компјутерска технологија; Независно обезбедување на help-desk и техничка поддршка на корисниците Мониторинг за да се обезбеди достапност на мрежата за сите корисници на системот Анализа и решавање на проблеми кои се поврзани со крајните корисници и системот, со алатки на далечина или директно на оддалечени локации, Решавање на проблеми по пријава од корисници или по пријава од автоматскиот систем за мониторинг Извршување на потребните надградби и поправки на мрежниот и компјутерскиот хардвер и софтвер Инсталација и конфигурација на мрежниот и компјутерскиот хардвер и софтвер ​Инсталација и поставување на компјутерски и мрежен хардвер во подружниците на компанијата Креирање на нови корисници во системот и доделување и ажурирање на безбедносен пристап на системот Обука на останати корисници за правилна употреба на хардверот и софтверот Управување и подршка на компаниската инфраструктура Потребни квалификации: Завршено ВСС образование се смета за предност Мотивирана и стабилна личност Способност за индивидуална и тимска работа Одлични комуникациски способности Ориентираност кон рокови Потребно основно искуство во областа Прецизност и аналитичност во работењето  Возачка дозвола Б категорија Познавање на Англиски јазик  Компанијата нуди: Динамична работна средина Редовни месечни примања Постојани обуки, тренинг и можност за напредок во кариерата Ако во горенаведеното работно место препознавате предизвик за својата кариера и ги исполнувате бараните услови, Ве молиме испратете ја вашата биографија на следниот e-mail:  kariera@nikob.com.mk
Скопје 08/01/2025