Референт во служба Комерција

  • ГЕИНГ КРЕБС УНД КИФЕР
  • Скопје
  • Определено
  • 29/09/2024
Определено Друго

Опис

Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје е компанија лоцирана во Македонија, која испорачува комплетни решенија од областа на геотехниката, хидротехниката, енергетиката, рударството, патната инфраструктура и заштитата на животната средина. Поради зголемен обем на работа Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје има потреба од вработување на: 
 

Опис на работно место: Референт во служба Комерција

Минимум потребни квалификации:

  • Образование: ССС
  • Работно искуство: со и без работно искуство,
  • Возачка дозвола: Б категорија
  • Познавање на МS Officе (Word, Excel, Power Point,),
  • Комуникациски вештини
  • Мотивираност за теренски активности
  • Проактивност во дадените задачи

Опис на работни задачи:

  • Разгледува и обработува барања за набавки издадени од нарацателите и нивна навремена и квалитетна реализација
  • Ги следи континуирано добавувачите и купувачите во однос на производи, цени потреби и барања.
  • Составува предлози за најповолни добавувачи согласно ИМС и ги доставува до надлежните
  • Врши логистички операции како достава на документација, носење и земање на возила од сервиси и авто куќи
  • Подготвува периодични извештаи за извршените активности

Вашата биографија и мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите: 

  • Преку копчето аплицирај веднаш
  • По пошта на адреса: ул. Борис Трајковски бр. 111 Скопје, најдоцна до 29.09.2024 година.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.

Е-пошта

kariera@geing.com.mk

Краен рок за аплицирање

29/09/2024
Аплицирај веднаш