Референт за наплата на побарувања

  • Be-Da Logistic
  • Скопје
  • Определено
  • 25/10/2024
Определено Администрација

Опис

За компанијата:

БЕ-ДА Логистик Дооел Скопје е компанија за организирање и посредување на меѓународен транспорт со повеќе од 12 години присуство на пазарот.  
Посветени сме на иновации и секогаш доследни на нашата визија и мисија, обезбедувајќи им врвна услуга на нашите клиенти.
Негуваме култура на континуирано подобрување и соработка, каде што се вреднуваат придонесите на секој член од тимот. 

БЕ-ДА Логистик Дооел Скопје, распишува оглас за работна позиција:

                                       

                                                    РЕФЕРЕНТ ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊА

 

Потребни квалификации:
-Работно искуство во финансии или сметководство (искуство од областа на огласената работна позиција ќе се смета за прeдност);
-Познавање на компјутери и програми за канцелариско работење;
-Одлично познавање на компјутерски алатки MS Office, Windows XP, Internet;
-Искуство во Helix софвер-Zonel-ќе се смета за предност;
-Познавање на англиски јазик

 

Личен профил: 
- Одговорност и прецизност;
- Лојалност, иницијативност, флексибилност и енергичност;
- Способност за достигнување на кратки рокови и предизвици;
- Силни комуникациски вештини и способност да одржува пријатен и професионален однос со надворешни соработници 

 

Опис на работното место:
-Административно, канцелариско и архивско работење;
-Водење евиденција на должници и рокови за доспевање на фактури;
-Преземање предвидени чекори за наплата (емаил потсетник, телефонска инетервенција);
-Преговори за распоредување на плаќања;
-Мониторинг на најавени плаќања;
-Изготвување на дневни, месечни и неделни извештаи од својата работа

 

ШТО НУДИМЕ?

-Работно време од 08 до 16 часот;
-Службен превоз;
-Пријатна работна атмосфера и услови за работа;
-Обуки за мотивација, професионален раст и развој;
-Тим билдинг настани;
-Дополнителни Бонуси 

 

Доколку сте отворени за учење, напредување и усовршување на знаењето во областа на административно-финансискиот дел на нашата компанија и сакате да бидете дел од нашиот тим испратете ја вашата професионална биографија на job@be-da.mk со назнака на апликацијата „Референт за  наплата“.

Е-пошта

job@be-da.mk

Краен рок за аплицирање

25/10/2024
Аплицирај веднаш