Декра, Македонија
Неопределено
Во име на нашиот клиент Френдс & Партнерс, компанија основана во 2022 година, дистрибутер на македонска органска здрава храна и напитоци, им помага на малите и средни производители на здрава и органска храна во Македонија да ги доближат своите производи до крајните купувачи, ДЕКРА ја огласува позицијата:
Регионален менаџер за продажба (Охрид и Битола)
РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ
Развој на регион според дефинирана фреквенција на посети;
Постојана комуникација со купувачи, преговори со купувачите за Развој на брендови во различни канали на продажба (Маркети, Хорека, Аптеки);
Предлага и усогласува со сите купувачи на дефинираниот регион: воведување на нови производи, промоција на производите преку ТПР, Летоци, Секундарни позиции, обезбедува од купувачите продажни резултати, мери и анализира продажни резултати, реализира проекти и други активности со цел достигнување стратешките цели на компанијата;
Редовна проверки во продавници со цел потврдување и унапредување на позиционираноста на производите, нивното соодветно обележување, според насоките на компанија и дефинирана фреквенција на посета;
Остварување на финансиски цели дефинирани од компанијата на месечно ниво, преку продажба и наплата на продадени производи;
Максимално ги спроведува стратешките цели, упатства, протоколи и процедури за работа на компанијата во секојдневното работење.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
Завршено средно образование задолжително; предност, може да биде завршено високо образование;
Одлично познавање на работа со PC (Микрософт офис - ЕКСЕЛ, Календар), Одлични комуникациски способности; Англиски јазик, основно познавање;
Висока работна етика – посветеност, ангажираност, помагање на тимот, изразена лична одговорност и навремено, прецизно и точно извршување на работните задачи, лидерство, иницијативност и поставување на високи стандарди во работењето;
Високо развиени комуникациски вештини и максимална: мотивација, позитивен став, лидерство;
Активно искуство во возење, Поседување возачка дозвола Б – категорија.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии и задолжително мотивациско писмо, можат да ги испратат на rabota.arbeit.mk@dekra.com
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА. Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com
Скопје
03/12/2024