Регионален менаџер за продажба (Охрид и Битола)

  • Декра, Македонија
  • Скопје
  • Неопределено
  • 03/12/2024
Неопределено Друго

Опис

Во име на нашиот клиент Френдс & Партнерс, компанија основана во 2022 година,  дистрибутер на македонска органска здрава храна и напитоци, им помага на малите и средни производители на здрава и органска храна во Македонија да ги доближат своите производи до крајните купувачи, ДЕКРА ја огласува позицијата:

  • Регионален менаџер за продажба (Охрид и Битола)

РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ

  • Развој на регион според дефинирана фреквенција на посети;
  • Постојана комуникација со купувачи, преговори со купувачите за Развој на брендови во различни канали на продажба (Маркети, Хорека, Аптеки);
  • Предлага и усогласува со сите купувачи на дефинираниот регион: воведување на нови производи, промоција на производите преку ТПР, Летоци, Секундарни позиции, обезбедува од купувачите продажни резултати, мери и анализира продажни резултати, реализира проекти и други активности со цел достигнување стратешките цели на компанијата;
  • Редовна проверки во продавници со цел потврдување и унапредување на позиционираноста на производите, нивното соодветно обележување, според насоките на компанија и дефинирана фреквенција на посета;
  • Остварување на финансиски цели дефинирани од компанијата на месечно ниво, преку продажба и наплата на продадени производи;
  • Максимално ги спроведува стратешките цели, упатства, протоколи и процедури за работа на компанијата во секојдневното работење.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено средно образование задолжително; предност, може да биде завршено високо образование;
  • Одлично познавање на работа со PC (Микрософт офис - ЕКСЕЛ, Календар), Одлични комуникациски способности; Англиски јазик, основно познавање;
  • Висока работна етика – посветеност, ангажираност, помагање на тимот, изразена лична одговорност и навремено, прецизно и точно извршување на работните задачи, лидерство, иницијативност и поставување на високи стандарди во работењето;
  • Високо развиени комуникациски вештини и максимална: мотивација, позитивен став, лидерство;
  • Активно искуство во возење, Поседување возачка дозвола Б – категорија.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии и задолжително мотивациско писмо, можат да ги испратат на rabota.arbeit.mk@dekra.com

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com

Е-пошта

rabota.arbeit.mk@dekra.com

Краен рок за аплицирање

03/12/2024
Аплицирај веднаш