Во име на нашиот клиент ОКТА АД-Скопје, дел од групацијата HELLENiQ Energy, и најголемиот снабдувач на горива во земјата, кој нуди врвни, иновативни и конкурентни енергетски производи и услуги, ДЕКРА ја објавува позицијата:
- Специјалист за царина и шпедиција
РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ
- Спроведување на одлуки за договорен ангажман на шпедитери според планиран начин на превоз и ангажирани превозници;
- Спроведување одлуки за организирање и следење на конвои од и кон инсталациите во ОКТА;
- Изработка на документи и извештаи поврзани со превоз на деривати, шпедиција и царина;
- Изготвување на акцизни документи (за увоз);
- Подготовка и водење на евиденција за увозно и извозно царинење;
- Обезбедување тајност на доверливи информации;
- Извршување на други задачи во доменот на стручна квалификација.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Универзитетско образование - пожелно Факултет за царина и шпедиција или Економски факултет;
- Поседување на лиценца за вршење на застапување во царински постапки ќе се смета за предност;
- Најмалку 3 години соодветно работно искуство во областа на царина и шпедиција;
- Познавање на MS Office (Excel, Word, Power Point);
- Познавање на англиски јазик;
- Познавање на грчки јазик ќе се смета за предност;
- Возачка дозвола Б категорија.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Одлични комуникациски и организаторски способности;
- Посветеност, мотивација и иницијативност;
- Доверливост и одговорност;
- Ориентираност кон тимска работа;
- Мобилност и флексибилност;
- Способност за ефикасно решавање на проблеми;
- Професионализам и висок етички стандард.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Работното време е од 08:00 до 16:00 часот, од понеделник до петок.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на rabota.arbeit.mk@dekra.com
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: contact.arbeit.mk@dekra.com