Соработник за логистика

  • Декра, Македонија
  • Скопје
  • Неопределено
  • 03/01/2025
Неопределено Шпедиција и транспорт

Опис

Во име на својот клиент Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп ДОО Скопје,  ДЕКРА ја објавува позицијата:

  • Соработник за логистика

ОПИС НА ПОЗИЦИЈАТА

Координирање на  извозот на готовите производи, планирање на товарење, резервација на превоз, комуникација со магацинот, следење на царинските декларации, следење на испораките осигурувајќи се дека роковите за испорака се во согласност со барањата на пазарот/ клиентите и нивоата на трошок се  оптимални според стандардите на проектниот менаџмент и царинските регулативи.

  • Координирање на активностите поврзани со складирање, логистика и планирање во рамките на секторот за набавки. Остварување на КПИ и оптимизација на трошоците;
  • Координирање на активностите поврзани со мерењето на залихи, обезбедувајќи точност на системот за евиденција на залихи;
  • Планирање и следење на увозот на производите; Ефикасно организирање на транспорт со различни добавувачи преку следење на стандардите за квалитет, процедурите на ПМИ и легислативата;
  • Координирање на извозот на сите готови производи, вклучувајќи го проследувањето на новите нарачки, планирање на испораките во магацините, планирање на товарење, резервација на превоз, комуникација со магацинот, следење на царинските декларации и следење на испораки осигурувајќи се дека роковите за испорака се во согласност со барањата на пазарот/ клиентите и нивоата на трошок се оптимални според стандардите на проектниот менаџмент и царинските регулативи;
  • Ефикасна комуникација и оптимизација на плановите за товарење или растоварање на магацинот. Примена и следење на базите на податоци за морски и копнен превоз. Обезбедување на навремено и точно завршување на соодветните административни и царински процедури;
  • Контролирање на текот на бандероли, активност која се однесува на подготвување на нарачките за внатрешни одобрувања. Добивање на одобрување и испраќање на соодветните документи до царинските органи во Северна Македонија. Управување со логистичкиот процес на испраќање/ примање на бандеролите од производствениот центар во Прилеп;
  • Пополнување на информациите во САП системот. Поставување на нарачки за бандеролите за секој пазар и ТКП. Пренос во виртуелната фабрика, следење, усогласување на секои три месеци: искористените даночни обележувачи во споредба со оштетените и вратените. Давање на извештаи за усогласување на одделот за даноци ( по нивно верификување со испраќачите) за да се потврди точноста и да се добие одобрување;
  • Завршување на царинските процеси, проверка и усогласување на документацијата добиена при процесот на царинење, согласно работните наредби и глобалниот систем за согласност со царинските правила- модулите за валоризација, потекло и класификација. Обезбедување на потребната документација за извоз на цигари со цел да се добие сертификат за потекло и издавање на формуларот ЕУР1, согласно CEFTA и правилата за PEM.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Минимум завршено средно образование;
  • Искуството во оваа област ќе се смета за предност;
  • Напредно познавање на Microsoft Office пакетот, SAP и администрација на дата бази;
  • Разбирање на бизнис процесите во операции и финансии.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на regrutacijamkd.pmi@dekra.com

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

* Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com

Е-пошта

regrutacijamkd.pmi@dekra.com

Краен рок за аплицирање

03/01/2025
Аплицирај веднаш