Земјоделски Инженер

  • Имако Вино
  • Штип
  • Определено
  • 23/01/2025
Определено Земјоделство Инжинерство

Опис

ИМАКО ВИНО, Штип е винарска визба која се наоѓа во Повардарскиот вински регион, Овчеполското виногорје. Со долгогодишно искуство во производство на извонредни вина и други алкохолни пијалоци, оставаме трага како на домашниот така и на меѓународниот пазар.Поради континуиран развој сакаме да ни се придружат посветени и ентузијастични колеги кои ќе станат дел од нашиот тим.

Придружи ни се како Земјоделски инженер /Агроном
Локација Штип

За работната позиција:
Како Земјоделски инженер / Aгроном ќе раководиш со сопствените лозја на винаријата Имако и ќе бидеш вклучен во планирање, организирање и контрола на циклусот (терен, луѓе, машини, опрема, системи, алати и други средства) на култивација на винова лоза со цел обезбедување висококвалитетно грозје.

Одговорности и работни задачи:
• Планирање и организирање на циклусот на култивација на винова лоза од садење до берба;
• Организирање на вработените, нивно обучување, распоредување и контролирање во работењето;
• Навремено координирање и ефикасно спроведување на контролни мерки за одржување на теренот, земјата и здравјето на лозјата;
• Извршување на сите активности поврзани со берба за потребите на винаријата;
• Обезбедување исправност, ефикасно и безбедно користење на средствата и опремата за работа (машини, алати, трактори и друга машинерија);
• Учествува во буџетирање на операциите и ресурсите во неговиот делокруг;
• Согледување и анализирање на сите интерни и екстерни фактори за квалитетен плод, предлагање на мерки и подготовка на извештаи со препораки кои нудат ефективни, наверемени и економски поволни решенија;
• Соработка со Директорот на Област Производство и други сектори од компанијата со цел обезбедување на соодветни врсти на грозје со цел исполнување на оптималните планови на производство

Потребни квалификации

• Високo образование Агрономија или Земјоделски факултет
• Минимум 3-5 години работно искуство со лозови насади или земјоделски посеви
• Предност е работно искуство на раководно место во наведената област
• Познавање на работа со компјутер и поседување компјутерски вештини
• Способност за планирање и организација на процесите
• Способност за менаџирање на процеси и луѓе


Од тебе се очекува:


• Следење на работни упатства и процедури
• Ефикасност во извршувањето на работните задачи
• Одлични вештини за комуникација и тимска работа
• Силни аналитички вештини и вештини за решавање на проблеми
• Споосбност за градење релации и за евалуација на подредените

Што нудиме?

1. Соодветна обука за позицијата и почетна стручна поддршка во извршувањето на задачите;
2. Редовна и компетитивна плата согласно познавањата и работното искуство на кандидатот;
3. Можност за напредување и наградување.


Исконтактирај нѐ на kariera@imakovino.com.mk или 070233375 и стани дел од нашата авентична приказна со препознатлив вкус и стил!

Е-пошта

kariera@imakovino.com.mk

Краен рок за аплицирање

23/01/2025
Аплицирај веднаш