Овластен сметководител

  • Имако Вино
  • Штип
  • Определено
  • 23/01/2025
Определено Сметководство

Опис

ИМАКО ВИНО, Штип е винарска визба која се наоѓа во Повардарскиот вински регион, Овчеполското виногорје. Со долгогодишно искуство во производство на извонредни вина и други алкохолни пијалоци, оставаме трага како на домашниот така и на меѓународниот пазар.
Поради континуиран развој сакаме да ни се придружат посветени и ентузијастични колеги кои ќе станат дел од нашиот тим.

Придружи ни се како Овластен сметководител во сектор Финансии и сметководство!

Локација Штип

Овластениот Сметководител е одговорен за вршење на финаниско-сметководствени активности. Одговорностите на оваа улога го вклучуваат, но се се ограничуваат на следново:

ОДГОВОРНОСТИ:

• Следење и проверка дека сите сметководствени записи се евидентираат точно, во согласност со применетите сметководствени стандарди.
• Усогласување на финансиското со материјалното сметководство и контрола за правилно спроведување на сметководствeното работење
• Подготвка и контрола на даночната евиденција, Е-ПДД и сметководствено евидентирање на пресметките
• Подготовка и доставување на документација и извештаи до УЈП, ЦРМ, НБРМ и други институции, согласно законските прописи и барања
• Составување и разгледување на годишните буџети и кварталните предвидувања.
• Подготовка и анализа на месечните и периодичните извештаи и извештаите за финансиско управување на крајот од годината (CF, P&L итн.),
• Подготовка и учество при интерна и екстерна ревизија
• Организирање и спроведување на контролни периодични и годишни пописи согласно законите и прописите
• Учествува во изготвување на завршните сметки заедно со надворешната сметководствена компанија
• Придонесува во развојот и имплементацијата на сметководстените политики и процедури на компанијата во согласност со сметководствените стандарди и принципи како и со сите релевантни законски и регулативни прописи,
• Други одговорности кои се однесуваат на квалификациите и вештините на вработениот.

Потребни квалификации

• Високо обраование во областа на сметководството и ревизија
• Лиценца за овласетен сметководител
• 5+ години искуство како овластен сметководител
• Познавање на МСФИ и менаџментско сметководство.
• Вештини за работа во Excel и во ERP системи
• Внимание на детали и структуиран начин на размислување
• Самоиницијативност, ориентираност на резултати и висок степен на точност
• Докажана способност за соработка во тимска средина

НИЕ НУДИМЕ


• Плата oд 60.000 ден
• Пријателска работна атмосфера
• Динамична и одговорна работа со постојан раст
• Работа со тим од професионалци и индивидулаци,кои веруваат во интегритет,тимска работа и отворена комуникација во Секторот Финансии и сметководство на компанијата
• Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа

Е-пошта

kariera@imakovino.com.mk

Плата

60.000

Краен рок за аплицирање

23/01/2025
Аплицирај веднаш