Декра, Македонија
Определено
Во име на својот клиент, ПРИМА МК Д.О.О Скопје, дел од интернационална корпорација ПРИМА ГРУП, специјализирана за увоз и дистрибуција на водечки тутунски производи, ДЕКРА ја огласува следната работна позиција: Специјалист за човечки ресурси и правни работи
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
Подготовка на правни акти ( договори за деловна соработка, договори за раскинување, измени, опомени ) ;
Подготовка на документација поврзана со сите јавни институции со кои соработува компанијата;
Подготовка на документација за надлежни Нотари, адвокати и судови;
Анализа на законите и законските прописи;
Прием, подготовка и доставување на административни материјали/ документи;
Обезбедување документи од државни и надлежни институции;
Подготовка на целосна документација во врска со тужбите пред надлежните органи;
Пријавување и одјавување на вработени;
Подготовка на договори за вработување, одлуки и се што е поврзано со досието на вработените;
Водење на евиденција за годишни одмори на вработените;
Подготовка на интервни акти поврзани со работењето на компанијата и вработените;
Водење евиденција и подготовка на документација за одговорности и задачи за здравје и безбедност при работа во делот логистика;
Комуникација со царинска управа, шпедиција, Народна банка на Република Македонија;
Подготовка на документација поврзана со испраќање акцизни маркички до фабриките на производителот.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
Високо образование во областа на правните науки;
Минимум една година искуство на иста или слична работна позиција;
Одлично познавање на Word, Excel и Power Point;
Одлични комуникациски и организациски вештини;
Возачка дозвола од Б категорија;
Познавање на Трговско право, Облигационо право, Закон за акцизи и Закон за безбедност и заштита при работа.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на rabota.arbeit.mk@dekra.com
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА. Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com
Скопје
31/01/2025