Специјалист за човечки ресурси и правни работи

  • Декра, Македонија
  • Скопје
  • Определено
  • 31/01/2025
Определено Човечки ресурси

Опис

Во име на својот клиент, ПРИМА МК Д.О.О Скопје, дел од интернационална корпорација ПРИМА ГРУП, специјализирана за увоз и дистрибуција на водечки тутунски производи, ДЕКРА ја огласува следната работна позиција: Специјалист за човечки ресурси и правни работи

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Подготовка на правни акти ( договори за деловна соработка, договори за раскинување, измени, опомени ) ;
  • Подготовка на документација поврзана со сите јавни институции со кои соработува компанијата;
  • Подготовка на документација за надлежни Нотари, адвокати и судови;
  • Анализа на законите и законските прописи;
  • Прием, подготовка и доставување на административни материјали/ документи;
  • Обезбедување документи од државни и надлежни институции;
  • Подготовка на целосна документација во врска со тужбите пред надлежните органи;
  • Пријавување и одјавување на вработени;
  • Подготовка на договори за вработување, одлуки и се што е поврзано со досието на вработените;
  • Водење на евиденција за годишни одмори на вработените;
  • Подготовка на интервни акти поврзани со работењето на компанијата и вработените;
  • Водење евиденција и подготовка на документација за одговорности и задачи за здравје и безбедност при работа во делот  логистика;
  • Комуникација со царинска управа, шпедиција, Народна банка на Република Македонија;
  • Подготовка на документација поврзана со испраќање акцизни маркички до фабриките на производителот.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Високо образование во областа на правните науки;
  • Минимум една година искуство на иста или слична работна позиција;
  • Одлично познавање на Word, Excel и Power Point;
  • Одлични комуникациски и организациски вештини;
  • Возачка дозвола од Б категорија;
  • Познавање на Трговско право, Облигационо право, Закон за акцизи и Закон за безбедност и заштита при работа.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на rabota.arbeit.mk@dekra.com

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com

Е-пошта

rabota.arbeit.mk@dekra.com

Краен рок за аплицирање

31/01/2025
Аплицирај веднаш