ОГЛАС ЗА ВНЕСУВАЧИ И ТРАНСКРИБИРАЧИ НА ПОДАТОЦИ
Агенција Рејтинг е основана во 2007 година од г-дин Ѓорги Спасов, доктор за истражување на јавното мислење и го спроведе првото истражување на јавното мислење во Македонија. Ние нудиме консултантски услуги засновани на истражување во сите дисциплини, работиме во партнерство со клиенти, поставуваме остварливи цели, развиваме отворена комуникација и нудиме интерпретација, увид и совет. Имаме мрежа од 250 професионални и искусни анкетари, супервизори и координатори од сите региони на земјата. Тимот на Агенцијата се состои од експерти кои работат според светските трендови во истражувачката и комуникациската индустрија.
Поради зголемен обем на работа, агенција Рејтинг има потреба од внесувачи и транскрибирачи.
Кандидатите потребно е да поседуваат:
Задолжителни квалификации:
- Познавање на работа со компјутери и основни канцелариски апликации (MS Office)
- Способност за прецизно, внимателно и брзо работење со компјутер
- Искуство во транскрипција и внесување податоци е пожелно, но не е задолжително
- Способност за работа под притисок во динамична средина
Обврски и одговорности:
- Прецизен внес на податоци во бази на податоци/специјализирани програми (во овој случај IBM SPSS Statistics - софтвер за статистичка анализа кој се користи за обработка на податоци)
- Транскрипција на аудио и видео материјали од различен тип на истражувања
- Обезбедување на точност и квалитет на внесените податоци
Нудиме:
- Работно време по договор – кандидатите ќе бидат контактирани кога ќе има потреба да дојдат во нашите канцеларии за да ги извршат задачите
- Обука за внес и транскрипција од страна на нашите вработени
- Просторија во која ги има сите услови за удобно извршување на задачите, со потребните технички ресурси и поддршка од тимот
- Можност за професионален развој
- Работна средина со тимски дух
- Конкурентна исплата за извршената работа
За пријавување, заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија на е-маил адресата: jobs@rating.mk.