Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција: СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИС
Посакувани карактеристики:
- Економски факултет, Е - бизнис претставува предност
- 1-2 години работно искуство во областа
- Одлично познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на Windows и MS Office пакетот
- Возачка дозвола Б категорија
Основни задачи и одговорности:
- Анализа на пазарот за параметри релевантни за стратешки одлуки и позиционирање на компанијата на пазарот
- Споредување на процесот на интерни и екстерни нарачки за аптеките на компанија
- Обезбедување на целосна документација за регистрација и увоз на производи
- Воспоставување и одржување на редовна и професионална комуникација со сегашните и идните надворешни соработници
- Се грижи за следење на постоечки договори и промени кога за тоа ќе се јави потреба
- Подготовка на редовни извештаи и анализа на продажба, како и анализи и извештаи во договор со претпоставениот
- Деловна администрација на секторот (комуникација, организација на состаноци, координација)
Очекувани вештини и способности:
- Развиени организациски, лидерски и комуникациски способности
- Самоиницијативност и лојалност во извршувањето на работните задачи
- Ориентираност кон остварување резултати и наоѓање решенија
- Професионален и позитивен однос
- Флексибилност за работа во динамична атмосфера
- Способност за тимска работа
- Способност за работа под притисок
Што нудиме:
- Стимулативна плата и бенефиции
- За најдобрите вработени – наградно патување
- Исплата на сите додатоци на плата
- Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
- Настани и активности за добросостојба на вработените (Employees wellbeing)
- Континуиран професионален развој преку учество на симпозиуми, конференции и обуки
- Работно време: Понеделник - Петок; (флексибилно работно време)
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето Аплицирај веднаш со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик.