Слаткарница Лапетит има потреба од хигиеничарка за одржување на хигиена во работни простории за производство на слатки за полно работно време.
Работната позиција вклучува: миење на садови,лонци,казани, чистење на работните простории во кои се произведуваат слатките, чистење на подовите во просториите.
Кандидатот треба да има желба за работа, способност за тимска работа,флексибилност и адаптибилност
Слаткарница Лапетит постои веќе 17 години и е место каде што љубителите на слатки може да уживаат во свежо подготвени колачи,торти и десерти.Со креативни рецепти и врвни состојки нудиме традиционални и модерни слатки за сите пригоди.Нашата цел е да внесеме сладок момент и слатко задоволство кај нашите клиенти,обезбедувајќи им незаборавни вкусови и пријатна атмосфера.