Електро техничар

  • INVENIO
  • Пробиштип
  • Неопределено
  • 20/04/2025
Неопределено Автомобилска

Опис

Invenio&QHS се дел од меѓународна инженерска компанија со свои претставници во Европа, Кина, САД и Австралија. Со над триесет и осум години искуство во областа на инженерските услуги и услугите за развој и управување на квалитетот, нашите специјалисти учествуваат во секој еден момент од создавањето на производот. Дејствуваме како во нашaтa компанија, така и на територијата на претпријатието на клиентот.

Согласно потребата на наш клиент, ние бараме мотивирани кандидати за работната позиција електротехничар за одржување на производни линии во автомобилската индустрија на локација во Пробиштип.


Обврски:


• Лоцирање и отстранување на дефекти кај машините и опремата
• Спроведување на редовно превентивно одржување
• Читање и примена на електрични шеми и техничка документација
• Составување и расклопување на електронски уреди и машини
• Навремено детектирање и известување за дефекти и проблеми
• Применување на стратегии за намалување на дефекти
• Инсталација, поврзување и пуштање во работа на нови системи

Потребни квалификации:

• Средна стручна спрема
• Со или без работно искуство
• Способност за тимска работа и самоиницијативност
• Познавање на електрични шеми и техничка документација
• Способност за самостојно решавање на технички проблеми
• Основно познавање на англиски јазик
• Возачка B категорија ќе се смета за предност
• Добри комуникациски вештини

Што нудиме:

• Работа во четири смени со соодветна организација на работното време
• Обезбеден оброк
• Обезбеден превоз од: Пробиштип, Злетово, Штип, Кратово, Свети Николе и Кочани
• За кандидати од Скопје, Велес и Куманово се исплаќа соодветна финансиска надокнада за користење на сопствен превоз
• Приватно дополнително здравствено осигурување (по 3 месеци работен стаж)
• Мотивирачки бонуси како награда за вашата посветеност и извршените резултати
• Стабилна работна околина со можности за професионален развој


Доколку сте мотивирани и поседувате соодветни квалификации, испратете ја вашата биографија на [email protected] или јавете се на 02/2437-775

Ве очекуваме!

Краен рок за аплицирање

20/04/2025
Аплицирај веднаш