Во име на нашиот клиент Xiaomi, реномирана меѓународна компанија бараме мотивирани кандидати за позицијата:
- Merchandiser (Локација: Македонија)
ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО
- Посета на продажните места во согласност со однапред определен план;
- Проверка и одржување на правилна изложеност на Xiaomi производите;
- Присуство на обуки за нови производи, нивните технички карактеристики и уникатни продажни предности;
- Договарање и обезбедување подобри позиции на производите;
- Испорака и поставување на нови материјали или уреди, во согласност со промотивни активности;
- Воспоставување и одржување на добри односи со персоналот во продавниците Проактивен пристап за подобрување на бренд видливоста и препознатливоста на Xiaomi во сите локации;
- Иницирање предлози за подобрување на продажниот настап и позиционирање на брендот;
- Сите други задачи по налог на претпоставените.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Познавање на англиски јазик;
- Одлични комуникациски вештини и професионален однос кон клиентите;
- Флексибилност, мобилност и способност за самостојна организација на работниот ден;
- Возачка дозвола – категорија Б.
Xiaomi нуди:
- Службено возило;
- Почетна обука за вовед во работата;
- Можност за напредок и професионален развој;
- Динамична работа;
- Работа во интернационална компанија со успешен тим;
- Можност за долгорочна соработка.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: [email protected]
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
* Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [email protected]