Услови за користење

Воведни одредби и дефиниции

 “Општи услови“ е називот за овие Општи услови за користење, како и за сите нивни последователни измени и дополнувања. Општите услови важат од денот кога се објавени на веб страницата www.oglasizarabota.mk и се составен дел од секој устен или писмен договор склучен помеѓу Друштвото, од една страна и Корисникот, од друга страна и го обврзува секое физичко и правно лице што го користи oglasizarabota.mk.

“Oglasizarabota.mk” е интернет портал наменет за размена на податоци помеѓу физички и правни лица, од една страна во потрага по работници, вработени, волонтери, соработници и сл. и физички лица, од друга страна коишто бараат вработување, ангажман, волонтирање и сл., се со цел полесна размена на податоци и побрза флуктуација и зголемена динамика на пазарот на трудот.

За целите на овие Општи услови, под поимот “Работодавач“ е опфатено секое физичко или правно лице кое го користи Oglasizarabota.mk, а особено работодавач во смисла на одредбите од Закон за работни односи, без оглед на видот на договорот за вработување кој тој или таа сака да го склучи, како и секое друго физичко и/или правно лице кое го користи Oglasizarabota.mk со цел да најде изведувач и/или извршител во смисла на одредбите од Законот за облигациони односи за договор на дело, односно бара волонтери, приправници, кадар за стручно оспособување и сл.

За целите на овие Општи услови, под поимот “Работобарател“ е опфатено секое лице коешто го користи Oglasizarabota.mk со цел да најде соодветно вработување во рамките на Законот за работни односи или да најде ангажман во рамките на важечките одредби од Законот за облигациони односи за договор на дело, односно заради наоѓање на место за волонтирање, место за стручно оспособување и сл.

За целите на овие Општи услови, “Работно место“ е општ назив за секој вид на работно место како што е вработување, ангажман, волонтерство, обука, приправништво, стручно оспособување, стручно оспособување без засновање на работен однос и сл.

За целите на овие Општи услови, “Користење“ значи секоја објава на оглас за вработување или било кој друг ангажман од страна на работодавачот, односно приложување на лични податоци со цел да се пронајде работно место или друг ангажман од страна на Работобарателот.

За целите на овие Општи услови, со поимот “Лични податоци“ се означуваат било какви информации кои се однесуваат на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, а чии лични податоци се заштитени со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

За целите на овие Општи услови, “Пакети“ и „Ценовник“ се термини кои се употребуваат за ценовникот за сите услуги кои се достапни на Порталот.

  

Одредби кои се однесуваат на Работодавачи

За да го користи порталот, работодавачот е должен да креира корисничка сметка и на тој начин да се регистрира.

Регистрираните работодавачи можат во секое време да објавуваат огласи за работни места, потоа да ги модифицираат, да следат статистика за  посетеноста на објавените огласи, да пребаруваат CV-а и да ги користат сите напредни функции кои се инсталирани или ќе бидат инсталирани.

Услугата за објавување на огласи за слободни работни места на Oglasizarabota.mk се наплатува во согласност со важечкиот Ценовник во моментот на објавување на огласот.

Огласите треба да ги запазуваат позитивните законски норми а Друштвото може да ги измени или отстрани без претходна најава.

Друштвото, исто така, го задржува правото да направи измени во огласот во смисла на поправање на правописните грешки и структурата на содржината на огласот.

 

Одредби кои се однесуваат на Работобаратели

За да го користи Порталот, Работобарателот е должен да креира корисничка сметка и со тоа да се регистрира. Работобаратели треба да се полнолетни физички лица.

Работобарателот е должен да ја употребува корисничката сметка во рамките на Порталот исклучиво за потребите на барање, наоѓање и информирање за слободните работни места.

Доколку Работобарателот ја користи корисничката сметка за било која друга цел (на пример: за промоција и продажба на различни производи и услуги и сл.), Друштвото ќе ја блокира корисничката сметка и истата ќе ја отстрани од Порталот.

 

Авторски права

Изгледот на Порталот, неговата содржина, изгледот на огласите, компјутерските програми кои го водат Oglasizarabota.mk се авторско дело и сопственост на Друштвото и истите се заштитени како такви со Законот за авторски и сродни права.

Базите на податоци кои се прибрани со работата на Порталот се исто така заштитени како такви во согласност со Законот за авторски и сродни права.

 

Одговорност за точност на податоците и одговорност за штета

Друштвото не е одговорно, ниту пак ја гарантира точноста на достапните лични податоци, контакти, квалификации, карактеристики и сите останати информации наведени во CV-ата на Работобарателите и огласите на Работодавачите.

Друштвото не одговара на ниту еден Работодавач или Работодавател за било каков вид на штета и во таа смисла при користење на Порталот, Работодавачите и Работобарателите се одрекуваат од барање на било каков надомест за штета, материјална или нематеријална, што би можела да се нанесе со злоупотреба на погрешни податоци од страна на Работодавачот, Работобарателот или трети страни.

 

Наплата / Услови и правила на продажба

Цените на сите производи од Oglasizarabota.mk се во денари. Секој купувач најпрвo мора да се регистрира за да може да биде остварена нарачката. По завршувањето на нарачката ќе биде испратен e-mail на наведената адреса од страна на купувачот, за потврда на нарачката.

Купувањето (наплатата) може да се оствари електронски со следните платежни картички: Visa; Visa Electron; Mastercard; Maestro (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката).

 

Завршни одредби

На сите правни односи кои ќе настанат помеѓу Друштвото, Работодавачот и Работобарателот, покрај овие Општи услoви се применува и македонското материјално право освен одредбите кои се однесуваат на решавање на судири со законот. 

Сите можни спорови Друштвото, Работодавачите и Работобарателите ќе се обидат да ги надминат на мирен начин, а во случај на судска постапка, надлежен е Основниот суд во Скопје.