Богатите купуваат облека на старо и уште 8 изненадувачки факти за животот во Германија
Германците придаваат големо значење на физичката активност, па скоро сите го користат викендот за вежбање – и во природа, и во теретана.
Германија е позната по автомобилите, дисциплината на Германците и квалитетните продукти од секоја област, но сепак не секој знае многу за секојдневните навики на тамошните жители.
Додека за повеќето нешта навистина сме исти како Германците, постојат и ситници кои сигурно ќе ви звучат чудно.
Нормално, бидејќи секој човек е различен, овие факти и навики не важат за сите Германци, но сепак се дел од тамошниот начин на живот.
Во продолжение неколку од нив:
Чистотата и хигиената им се многу важни
Германците се многу строги кога станува збор за чистота и хигиена. Наводно, тие и слободно коментираат за мирисот на другите луѓе, односно им кажуваат на другите кога им мирисаат убаво, а ова е важен комплимент
За бањање користат крпа
Наместо сунѓери за бањање, Германците преферираат мали крпи од мек материјал. Тие сметаат дека крпите се подобри за пилинг на телото бидејќи се понежни и не ја иритираат кожата.
Го чистат тоалетот по секое користење
Во Германија никако не смеете да ја оставите тоалетната школка валкана и тие ја чистат со четка по секое користење. Логично…
Еколошките продукти се вистински хит
Продавниците во Германија се преплавени со еколошки продукти и амбалажи направени од рециклирачки или разградливи материјали.
Германците обрнуваат и посебно внимание на составот на козметиката што ја купуваат и предност им даваат на продуктите од природни состојки.
Сите водат активен живот
За време на викендите, без оглед на нивната возраст, речиси сите излегуваат во природа, трчаат, возат велосипед… генерално, го користат слободното време за да бидат физички активни.
Наводно, теретаните во Германија се со многу прифатлива цена, па оние кои имаат повеќе време, дефинитивно одат и во теретана.
Германците преферираат народни лекови
Кога станува збор за обична настинка, кашлица или некој друг несериозен здравствен проблем, Германците прво пробуваат да се лекуваат со народни лекови.
Нормално, ова важи само за мали проблеми со здравјето и секојпат кога се чувствуваат полошо одат на лекар и ги слушаат неговите препораки. Но, антибиотик не се препишува туку-така.
Жените не трошат многу на козметика
Германките повеќе го сакаат природниот изглед и повеќето користат шминка само за да ги нагласат нивните карактеристики.
Кога станува збор за продукти за убавина, внимателно ги одбираат и го купуваат само она што им е неопходно.
Нема многу зборување во фризерските салони
Кај нас е сосема нормално да си разговарате со фризерот додека ви ја средува косата, но во Германија ова е реткост.
Фризерот само си ја врши неговата работа и нема да ви поставува никакви прашања или да ви кажува што било.
И богатите купуваат облека на старо
Веќе спомнавме дека Германците ги сакаат еколошките продукти бидејќи се грижат за екологијата, па поради ова и богатите сакаат да купуваат облека на старо.
Наместо да купуваат нови парчиња, тие одат во продавници кои специјализираат за облека на старо, па ја „спасуваат“ облеката која инаку би завршила во отпад.
Извор: crnobelo.com