Како да напишете квалитетно мотивационо писмо?
Испративте над 30 професионални резимеа и не добивте ниту еден повратен одговор за интервју?
Го проверувате вашето CV и мотивационо писмо да не содржат грешки, а дали знаете всушност која е најголемата грешка, особено во мотивационото писмо?
Досадно е.
Неинвентивно, шаблонско, напишано без ниту малку страст, ниту шарм.
Наликува на секое претходно и секое следно и завршува во купот резимеа на дното од кантата за отпадоци.
Еве еден интересен податок: 55% од луѓето кои се одговорни за вработување, не ги читаат мотивационите писма.
Зошто? Оваа група на работодавачи изјавила дека мотивационите писма ги заморуваат, бидејќи звучат лажно и вештачко.
„Во нив нема никаков креативен пристап, ниту можеме да добиеме идеја или претстава каква е личноста која го испратила. Тоа се истите здодевни фрази кои постојано се повторуваат:
– Предизвикот да се работи динамична работа во мотивиран тим ме натераа да се пријавам…
– Ве молам прифатете ја мојата апликација, бидејќи сум уверена дека ќе ја оправдам Вашата доверба…
– Јас сум организирана, способна за мултитаскинг и тимска работа (практично описно прераскажување на техничките и социјалните вештини од CV-то и повторување на едни исти работи).
Па како да направите совршено мотивационо писмо кое ќе се издвојува од останатите и ќе го привлече вниманието на оние кои вработуваат?
Не постои такво нешто како универзално мотивационо писмо
Многу е лесно да направите само едно општо и површно мотивационо писмо кое ќе го испраќате во придружба на вашето CV. Но, веќе рековме дека никој не ги чита таквите.
Ако сте вистински заинтересирани за некоја компанија, истражете ја нејзината историја и развој.
Дадете им до знаење дека имате јасна претстава со што се занимава компанијата и зошто вие сте неопходен дел од истата.
Внесете точно определена доза на хумор која ќе го направи мотивационото писмо препознатливо, од типот на: „Сите обврски и задолженија кои треба да се готови за вчера ги завршувам навремено“.
Можете слободно да нагласите дека не сте од оние луѓе кои уживаат да велат „Тоа не е моја работа“, бидејќи секогаш сте подготвени за учење нешто ново.
Завршете го мотивационо писмо со самодоверба. Не со оние шаблонски „поздрави“ – „Во очекување на Вашиот позитивен одговор“, туку со самодоверба која вели дека „Би сакале да научите што е можно повеќе за работата на компанијата и како вие би можеле да помогнете во тој процес“.
Уште една работа е особено важна при изработката на мотивационото писмо – изгледот.
Одберете интересен дизајн, добар фонт, нешто кое веднаш влегува во очи и ќе го натера работодавачот да го тргне вашето писмо настрана од купот кој не планира да ги прочита.
Ако сте во потрага по работа, кликнете ТУКА.
Извор: crnobelo.com / фото: freepik