Како на најдобрите вработени им се случува да „заглават“ (и да не напредуваат)?
Кога работата е здодевна и нема некоја посебна динамика, се случува дури и најголемите професионалци да стагнираат во процесот.
Исто така, ако и личниот став ви е дека сте такви какви што сте и дека нема потреба да се менувате, можете да „заглавите“ и да бидете неуспешни. Но, доколку сте имале некакво трауматично искуство и тоа може да придонесе да „замрзнете“ како личност и да не бидете заинтересирани за никаков чекор понапред.
Прочитајте на кои три начини луѓето стагнираат во личниот и професионалниот развој:
Трауматично искуство
Кога личноста ќе преживее некоја голема траума, тие спомени остануваат врежани во меморијата. Нормалните спомени може да исчезнат, да ви биде потешко да се сетите на нив, но на лошите моменти од животот секогаш можете да се сетите со време и датум. Токму затоа, на овие луѓе природно им доаѓа да се изолираат од контекстот на остатокот од животот, да бегаат од луѓе и да бидат дури и прегруби за нормални услови.
Советот кој важи за ваква ситуација е еден: „Обиди се да го надминеш тоа.“
Траумите и лошите спомени не треба да бидат тие кои ве дефинираат како личност, туку тоа треба да ѝ го оставите на сегашноста.
Непоставување нови цели
Монотоната работа е полесна, но и многу поздодевна од оние кои имаат поголема динамика. Работејќи еднолична работа, без предизвик за развој и напредок, ја прави личноста заглавена, но и неуспешна, бидејќи нема простор за успех.
Доколку во текот на работниот век наидете на ваков момент, време е нешто да промените, макар тоа и да значи напуштање на комфорната канцеларија во која веќе напамет знаете што и како да направите и да се впуштите лов по нови предизвици.
Верувате дека секој има фиксен карактер
Карактерот не е нешто што е дефинирано со гените, па да биде фиксен. Постојат делови од него кои зависат од генетиката, но остатокот зависи од начинот на растење, средината, пријателите, семејството и лично од самата личност.
Точно, вашиот карактер е уникатен и автентичен, но тоа не значи дека не може да се надоградува.