„Колеги, време е да пораснете“ – 8 грозни навики од работната околина кои ви ги тенчат нервите
Никој не е совршен. Сите имаме различни карактери и навики, но сепак работното место е онаму каде што најмногу треба да го практикувате зборот компромис на дело.
Мотото „по мое или по ничие“ нема да ве однесе никаде, особено доколку сте дел од тим.
Колеги кои сте несвесни, или уште полошо – свесни за своето лошо однесување и не се обидувате да се коригирате, време е конечно да ги надраснете:
Лошите хигиенски навики
Започнувајќи од основната хигиена – редовно бањање, миење лице и заби, чистење уши и нокти. Толку многу детали ве издаваат кога станува збор за личната хигиена, но ваквите навики не сопираат тука.
Премногу парфем, сечење и лакирање нокти, шминкање на работното биро, оставање хаос зад себе во тоалетот, чепкање во носот… сите овие работи ве прават неподнослив колега на работното место.
Брз, некултурен јазик
Сосема нормално е да се изнервирате одвреме-навреме на работното место, сите сме луѓе. Но кога вашата нервоза преминува во низа долги непрекинати пцовки од кои на другите колеги очигледно им станува непријатно, време е да се сопрете.
Всушност, ваквиот некултурен јазик не треба да биде дел од работното место.
Алчност и скржавост
Никогаш не донираат пари за ништо, а први се во редот за парче торта или кога има повод за честење. Кога треба тие да почестат за нешто, мистериозно исчезнуваат.
Радо би испиле неколку пијачки кога ги плаќа некој од колегите, но недај боже да посегнат по паричникот и тие да платат една тура.
Гледање во телефонот додека им зборувате
Секако, не станува збор за некој итен или неодложен повик или порака. Едноставно, додека вие им зборувате за нешто сериозно поврзано со работата, тие одлучуваат да ве игнорираат и да си зјапаат во мобилниот телефон.
Љубопитноста која се однесува на вашата заработувачка
„А колку плата земаш ти? Зашто јас почнав со толку, а ти со колку? Сакаш да ми кажеш дека имаш повисока стартна плата од мојата?“
Да, можеби некој има. Тоа се посебни услови пропишани со договор и секој си е одговорен сам за себе.
Воопшто не е културно, ниту колегијално да се интересирате колку изнесува платата на некој друг во компанијата.
Успеси кои си ги препишуваат само на себе
Во нивниот речник на постои „ние сработивме“, „ние направивме“, „тимска работа“.
Јас, јас и само јас! Јас да не бев ова немаше да се заврши, јас да не сум ќе пропадне фирмата… интересно е што кога ќе се случи некоја грешка, тогаш се повлекуваат и го обвинуваат останатиот дел од тимот. Себично и крајно незрело однесување.
Озборуваат
Ова е убедливо најлошата навика која ја прикажувате на работното место. Денес пиете кафе со Петко и го озборувате Станко, утре со Станко ќе го озборувате Петко, а задутре пак со Митре ќе ги озборувате првите двајца!
Но, штом еднаш ќе научат сите дека сте најголемиот озборувач/ка, немојте да се чудите зошто никој не ве вика на пауза за појадок или кафе.
Забиваат нож во грб
Не можете да се потпрете на нив за ништо. Ниту за работа, ниту пак за нешто поврзано со приватниот живот. Тие ќе бидат први кои ќе ве пријават кај директорот наместо да ви помогнат да го прикриете доцнењето кое не се случило по ваша вина.
Едноставно се радуваат на идејата кога ќе му забодат нож во грбот на некој колега.
Извор: www.crnobelo.com
Hey! Do you know if they make any plugins to
assist with SEO? I’m trying to get my blog to rank for some targeted keywords but I’m not seeing very good results.
If you know of any please share. Kudos! You can read similar
blog here: Eco product
Overcoming perceptual obstacles and making hidden information seen is important for promoting sustainable habits.
sugar defender For several years, I have actually
fought unpredictable blood sugar swings that left me really feeling drained
pipes and sluggish. However given that integrating Sugar Protector
right into my routine, I have actually seen a substantial enhancement in my general energy and security.
The dreaded mid-day thing of the past, and I appreciate that this natural treatment accomplishes these outcomes
with no unpleasant or unfavorable reactions. truthfully been a transformative discovery for me.