Луѓето го јаваат и добриот коњ и добриот човек: 10 кратки шпански мудрости
Несекојдневни, шпански мудрости кои можеби никогаш претходно не сте ги слушнале или прочитале, а буквално ќе ви ги отворат очите кон нови видици.
1. Не е важно да ви аплаудираат кога влегувате, туку да им недостасувате кога ќе заминете.
2. Кој сака да пее – секогаш ќе најде песна.
3. Кој му гледа низ прсти на крадецот и самиот е крадец.
4. Луѓето го јаваат и добриот коњ и добриот човек.
5. Потцени го непријателот и брзо ќе бидеш победен.
6. Не може истовремено да сакаш и да бидеш разумен.
7. Оние кои малку знаат – брзи се на јазик.
8. Она што малку чини, уште помалку се цени.
9. Слушај што зборуваат за другите и ќе знаеш што зборуваат и за тебе.
10. Запамети го советот од луѓето кои те сакаат, дури и да ти се чини некорисен.
Извор: crnobelo.com