Најстарите деца ги бива за научници: Како кариерата ви е предвидена со раѓањето?

Ако некогаш сте се прашувале дали вашите лидерски способности сте ги стекнале поради дипломатското искуство од тоа што сте средно дете во семејството, тогаш сте на прав пат. Ново истражување ја покажува корелацијата помеѓу редоследот на раѓање и изборот на кариера.

За истражувањето, тим на статистичари анализирале случаен избор на 500 најуспешни индивидуи со 11 различни кариери. Резултатите откриле дека редоследот на раѓање односно тоа дали сте најстаро, средно или најмладо дете е силно поврзано со изборот на кариера.

Истражувачите откриле дека средните деца имаат 30% шанса повеќе да станат директор на некоја голема компанија, статистика што ги докажува нивните лични карактеристики како флексибилност и дипломатија.

Најстарите деца имале повеќе време да бидат единствени во очите на своите родители и да уживаат привилегии и светлост која е само за нив па затоа и тие имаат 50% шанса повеќе од другите да станат рок ѕвезди, астронаути или нешто поврзано со гламурот на шоу бизнисот. 50% од сите астронаути се првородени деца.

Најмладите деца имаат 50% повеќе шанса од другите да стана композитори, поради нивната чувствителна и идеалистична природа.

Големината на семејството и колку членови брои исто така има голем удел во изборот на кариера. Истражувачите најчесто доаѓаат од семејства што се многу поголеми од едно просечно семејство, додека децата единци најчесто се перфекционисти и имаат најголема шанса да станат артисти.

Други кариери кои биле опфатени во истражувањето се и кои деца имаат најголема шанса да успеат во таа кариера се:

1. Средни деца

Политичари

Писатели

Директори

Олимпијци

2. Најстари деца

Рок ѕвезди

Астронаути

Научници

Ѕвезди во реално шоу

3. Најмлади деца

Композитори

Истражувачи