Не си заминувајте од интервју за вработување пред да поставите 3 прашања
Работниците секогаш поставуваат уште едно прашање како крај за интервјуто: „Дали вие имате некакви прашања за нас?“.
Пред да кажете „Не.“ и да си заминете, запомнете, тие прашања не само што можат да ви ги зголемат шансите за вработување, туку можат и да ви помогнат да сфатите што очекувате од нив како компанија.
Затоа, од следното интервју не си заминувајте додека не поставите 3 прашања:
Корпоративната култура е емотивната атмосфера со која се поврзуваат вработените на една компанија. Тука се вклучени правилата за однесување и комуникација, активностите, мотивацијата, вредностите на вработените и многу други работи.
Ако прашате каква е корпоративната култура ќе имате можност да откриете во каква средина ќе работите и дали ќе можете да се вклопите во неа.
Важно е да откриете какви ќе бидат вашите секојдневни обврски. Со поставување на ова прашање можете да добиете комплетна слика за тоа како ќе изгледа вашиот работен ден.
Дополнително на тоа, ќе му покаже да потенцијалниот работодавец дека сте подготвени да бидете дел од нивниот корпоративен живот.
После интервјуто секогаш сте возбудени да откриете што ќе се случи понатаму. Вработени сте? Кога можете да откриете дали ќе бидете вработени?
Ако ви кажат дека ќе ве контактираат прашајте кога може да го очекувате повикот. Така нема да бидете премногу напнати и во исчекување.
Не заборавајте на крајот да се заблагодарите на потенцијалниот работодавач и запомнете: дури и да ве одбијат, не треба да се разочарувате. Ако имате шанса, прашајте ја компанијата која е причината што ве одбиле за да можете да се подобрите во однос на тие аспекти.
Извор: crnobelo.com