Опасен Тик Ток тренд: Лепење на устата за да не ‘рчите
Нов тренд на популарната мрежа „Тик-ток“ вклучува лепење на устата ноќе за да се поттикне дишење со носот при спиењето. Повторно е оценет како опасен по здравјето.
Хаштагот „#mouthtaping“ („лепење на устата“ на англиски) има 24 милиони прегледи на интернет-платформата и вклучува серија видеа во кои корисниците демонстрираат лепење на усните во обид да го поттикнат дишењето со носот за време на спиењето.
– Целта е да дишете низ нос додека спиете, а не преку уста. Ова овозможува подобра орална хигиена, помалку сува уста и помалку ‘рчење, објаснува еден корисник.
Сепак, има малку научни истражувања за придобивките од лепењето на устата и стручњаците брзо ги отфрлија овие лаички тврдењата на „Тик-ток“. Британската фондација за сон откри дека несаканите последици од лепењето на устата може да вклучуваат иритација на или околу усната и нарушување на спиењето поради отежнато дишење преку нос.
– За жал, лепењето на устата е екстремен начин да се поттикне дишењето со носот што има сериозни здравствени ризици. Лепењето уста ќе го влоши вашето здравје и може да придонесе за посериозни проблеми како што се срцеви заболувања, хронична опструктивна белодробна болест и мозочен удар, особено ако се применува додека страдате од апнеја при спиење, изјави д-р Џејмс Вилсон за „Њусвик“.
Опасностите може да бидат особено високи за оние со апнеа при спиење, што е состојба кога дишење престанува и почнува за време на спиењето.