Вработени во порно индустријата откриваат: Што се случува откако ќе се пензионираат и дали можат да најдат друга работа?
Сигурно сте се запрашале што се случува со порно актерите откако ќе се пензионираат.
Токму тоа го интересирало и еден корисник на Reddit, кој ги прашал бившите актери и работници од порно индустријата што се случува во нивниот живот откако ќе ја завршат нивната кариера.
Некои имале проблем со наоѓањето работа, некои го менувале својот изглед, а кај некои, кариерата во оваа индустрија имала лошо влијание врз нивниот приватен живот.
Дел од одговорите можете да прочитате во продолжение:
Тешко е да се најде нормална работа
„Десетте години во порно индустријата на моето CV го отежнуваат барањето на нормална работа. Понекогаш излегува дека идеите кои ви изгледале одлични во тинејџерските години, имаат катастрофални последици кога сте во 30-тите.
Еднаш еден пријател ми најде работа во мала агенција за огласување. Ми рече дека шефицата не ја интересираат поранешните работни места на вработените. Но откако спомнав што работев претходно, дознав дека шефицата не поднесува порнографија и ме отпушти од работа.“
„Дури ни камерманите не можат да најдат работа на друго место. Мораме на разни начини да го криеме она што сме го работеле во минатото.
Еден од моите колеги не можеше да си го запише детето во приватно училиште, бидејќи ја истражија неговата историја и дознаа што работел. И голем број програмери кои работат во порно индустријата стравуваат дека во иднина нема да можат да најдат подобра работа.“
Добро е ако имате богат партнер
„Работев зад сцена. Познавам жена која имаше доволно стабилни приходи да се пензионира на 37 години (но имаше и успешен сопруг). Друга жена се венча за богат филантроп, па ја водеше неговата фондација.
Обично не слушате за оние кои не се снашле добро откако си заминале од порнографската индустрија, освен ако не станува збор за тешка трагедија.“
Промената на изгледот може да помогне
„Работам зад сцена и слушнав дека на жените им е тешко да се адаптираат на поинакви околности. Жените воглавно ја менуваат бојата на косата, малку се здебелуваат, почнуваат да носат очила и сè е во ред.“
Воопшто не е лесно да се заработи нормална плата
„Околу 5 години работев како стриптизета со половина работно време. Верувам дека ова го промени начинот на којшто ги гледам луѓето. Секогаш имав и друга работа, па не морав да се грижам за моето CV. Но, станав многу мрзлива.
Зошто цела недела да се убивам од работа за бедна плата, кога можам да ги заработам истите пари за само една вечер? Сепак, не можете цел живот да работите како стриптизета, па ова има лошо влијание врз начинот на размислување.“
Страда приватниот живот
„Некогаш бев сексуална работничка, а ова не остави никакви последици на мојот професионален живот. Но, мојот приватен живот страдаше. Неколку мои пријателки знаеја за тоа. Една од нив дозна подоцна, и оттогаш престана да ми се јавува.“
Старите снимки можете да ги гледате со партнерот
„Пред 30 години, во студентските денови, снимив неколку филмови за возрасни. Дипломирав и повеќе никогаш не направив таков филм. Кога се појави првото ДВД, повеќе никој не ги гледаше моите филмови бидејќи не беа префрлени во понов формат.
Во меѓувреме, најдов работа што навистина ми се допаѓа. Понекогаш, со сопругот ги гледаме старите снимки и се смееме на моите лоши актерски способности.“
Извор: https://www.crnobelo.com/