Три начини да станете незаменливи на работа
Некои работодавци живеат со идеја дека сите вработени се заменливи. Точно е дека секогаш постои некој кој може да ги преземе одговорностите што ги носи вашето работно место, додека сте на годишен одмор, но постои начин да се осигурате да биде, речиси, невозможно другите да ве заменат целосно.
Која е тајната? Она што ве прави незаменливи не е збир на вештини или искуство, туку вие самите.
Еве неколку начини да станете неопходен, главен човек на вашето работно место:
1. Поврзете се со другите
Разликата помеѓу добар и одличен вработен е колку добро тој или таа се однесува со другите луѓе. Времето поминато во комуникација, интеракција и градење врски со колегите и клиентите е добро потрошено време.
Како што рече Маја Ангелу: „Луѓето ќе го заборават она што го кажавте, она што сте го направиле, но никогаш нема да заборават како се чувствувале со вас“.
2. Решавање проблеми
За да бидете незаменливи, другите мора да ве гледаат како такви. За да го постигнете ова, покажете се како личност ориентирана кон проблемот, наместо да ги истакнувате или избегнувате.
Не бидете личност која секогаш смета дека тоа „не е нејзина/негова работа“. Секој може да следи одредени правила за работа, но незаменливите вработени се оние кои ја преземаат одговорноста за откривањето и решавањето на проблемите и наоѓање решенија.
3. Бидете посебни
Добро е да имате нешто во што сте особено добри што никој друг не го може. Тоа не мора да биде вештина, туку дел од вашата личност, духовитост и слично.
Можете да мислите на тоа како ваша суперсила. Тоа е квалитетот со кој се гордеете, што ве тера да се истакнувате и да ви дава предност пред сите останати.
Доколку ви е план да станете неопходен работник, вклучете го градењето и одржувањето на позитивните односи со другите, преземање на одговорност во решавањето на проблемите од кои другите се плашат и откривање на вашата специјалност.
И, секако, бидете човечни во сето ова.
Извор: crnobelo.com