Дали е паметно да се започне бизнис со пријатели?
Уште во 1975 година, двајца пријатели, Стив, Џобс и Стив Возниак, направиле прототип на компјутер во својата гаражата, што подоцна ќе го наречат Епл. Но десет години подоцна, Возниак заминал „на своја иницијатива“.
Двајцата визионери, наводно, останале пријатели. Истата работа се случила децении подоцна, кога група пријатели го основале Фејсбук, по што Марк Цукерберг и Едуардо Саверин, наскоро завршиле на суд.
Дали е паметно да се започне бизнис со пријатели, или сепак не треба да се мешаат љубовта и работа?
Зошто да?
Затоа што најдобрите пријатели се и најдобрите партнери. Бидејќи се познавате долго време, немате проблеми во комуникација и знаете како да работите заедно.
Покрај тоа, со нашите најдобри пријатели се надополнуваме во карактеристики и способности, така што пријателите секогаш ќе бидат тука да ни помогнат и да ни го чуваат грбот.
Затоа што пријателот ќе ви даде поддршка што ви е потребна за да успеете заедно. Ова е особено важно на почетокот, кога ќе имате многу пречки.
Ако можете уште во почетокот да ги поделите вашите улоги и да ги поставите заедничките цели и очекувања, и ако ги вклучите сите овие работи во деловен договор…Да.
Многу е важно да се има добар договор за да го сочувате бизнисот и пријателството од можни спорови.
Ако се надополнувате меѓусебно и ако и двајцата можете да донесете нови знаења и вештини во бизнисот.
Ако постои високо ниво на доверба помеѓу вас или ако станува збор за зрело пријателство кое може да издржи стрес, критика и предизвици на бизнисот.
Зошто не?
Доколку не се знае кој е главен и одговорен човек во компанијата и како ќе се донесат одлуките. Ако првично не можете да ги расподелите улогите со кои ќе бидете задоволни, не ни започнувајте заеднички бизнис.
Ако мислите дека можете да работите подобро самостојно и сакате да бидете сам свој шеф. Нема смисла да го влечете пријателот.
Ако мислите дека работењето заедно ќе ви го уништи пријателството. Ако се сомневате дека вашиот пријател само ве кочи или се плашите дека ќе се промени, откажете се од оваа идеја. Не велат без причина дека парите ги менуваат луѓето.
Ако не можете да ја одделите работата од приватниот живот. Ако приватната поврзаност ве спречува во развивање на понатамошен деловен успех.
Ако мислите дека вашето пријателство не е доволно силно. Двете страни мора да бидат подготвени за компромиси, инаку нема да имаат заедничка иднина.
Извор: www.crnobelo.com